Достапни линкови

Пожар во поранешен нуклеарен истражувачки центар во Москва


Архивска фотографија: Протест на активисти на Гринпис во Русија на 19 април 2011 година.

Архивска фотографија: Протест на активисти на Гринпис во Русија на 19 април 2011 година.

Пожар го зафати поранешниот нуклеарен истражувачки центар во Москва. Во Министерството за вонредни ситуации велат дека нема отворен оган и нема закана за радијација од неоперативниот 60-годишен реактор сместен во институтот. Нема информации за жртви. Државната новинска агенција ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на неименувани извори од институтот, објави дека пожарот бил изгаснат. Организацијата за заштита на животната средина Гринпис Русија изрази сериозна загриженост поради инцидентот.
XS
SM
MD
LG