Достапни линкови

Вашингтон загрижен за судењето граѓански активисти во Египет


Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Каиро на 3 февруари 2012 година.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Каиро на 3 февруари 2012 година.

Вашингтон изрази „длабока загриженост“ поради плановите на Египет пред суд да изведе најмалку 43 луѓе вработени во невладини организации кои биле финсирани со американски пари. Портпаролката на американскиот Стејт департмент вели дека побарале објаснување од нивните египетски колеги за што станува збор. Воените власти во Египет обвинија 43 луѓе, вклучувајќи и 19 Американци, за користење на странски средства за поттикнување немири во земјата. Американската државна секретарка Хилари Клинтон го предупреди Египет дека би можеле да ја загубат 1,5 милијарди долари вредна американска помош ако не успеат да го решат спорот. Египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Амр рече дека владата не може да се меша во работата на судството.
XS
SM
MD
LG