Достапни линкови

Клинтон ја повика Бугарија да биде енергетски независна


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика бугарските власти да ја прекинат енергетската зависност од Русија. Клинтон по разговорите со бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека САД се партнер на земјата во создавањето на енергетска безбедност и неколку американски фирми се подготвени да помогнат. Клинтон најави дека американската влада ќе го испрати специјалниот претставник за енергетски прашања, Ричард Морнингстар во Бугарија во наредната недела да разговара за тие прашања со властите.
XS
SM
MD
LG