Достапни линкови

logo-print

Повик за бојкот на руските и кинеските производи поради состојбата во Сирија


Немирите на анти-владините протести во Сирија

Немирите на анти-владините протести во Сирија

Јорданските исламисти ги повикаа сите Муслимани и Арапи низ светот да ги бојкотираат кинеските и руските производи, откако двете земји ставија вето на резолуцијата на Безбедносниот Совет на ОН за Сирија.
Лидерот на муслиманското братство, Хамам Саид изјави дека таквиот чекор на Русија и Кина покажува дека тие се дел од убивањето на сирискиот народ и го нарече ветото напад против Арапите и Муслиманите.
Во меѓувреме јеменскиот нобеловец Тавакул Карман на меѓународната конференција за безбедност во Минхен изјави дека сите земји треба да ги протераат сириските амбасадори и да ги отповикаат нивните дипломати од Дамаск.
XS
SM
MD
LG