Достапни линкови

logo-print

Груeвски-Грција не сака договор со Македонија,туку купува време


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека во овој период Грција не сака конкретен договор со Македонија, кој би не деблокирал, туку сака да купи време и да се претстави конструктивна. Според Груевски, Грција ги користи сите механизми за нејзината политика да помине без казна, вклучувајќи ја и својата финансиска ситуација поради која нема да добие дополнителни притисоци.
Премиерот смета дека Грција покажува дека сака да купи само време со односот спрема медијаторот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц, кој се соочува со проблемот да ги посети двете земји, зашто Грција над една година не му дава согласност дека ќе биде примен од некого.
Груевски оцени дека таквата политика на Грција која станала проѕирна, нема да трае вечно и ќе и се врати на земјата како бумеранг.
XS
SM
MD
LG