Достапни линкови

Прочистен избирачкиот список на Косово


Претседателот на работната група за прочистување на единствениот избирачки список во Косово, Флориан Души соопшти дека најмалку 100 илјади лица кои фиктивно постоеле биле избришани од избирачкиот список. Според Души од вкупната бројка петнаесет илјади се починати, други 10 илјади гласачи се избришани затоа што се откажале од косовското државјанство, а останатите поради други причини.
Оваа година на Косово ќе се одржат претседателски избори, а со новите измени во Уставот за кои набрзо ќе треба да се гласа во Парламентот, новиот претседател ќе го избираат граѓаните.
XS
SM
MD
LG