Достапни линкови

logo-print

Напади врз сириски амбасади низ светот


Немирите на протестите во Сирија

Немирите на протестите во Сирија

Демонстранти нападнале неколку сириски амбасади низ светот, откако сириските сили употребија тешка артилерија во градот Хомс, при што загинаа 200 лица. Демонстрантите ги нападнале сириските амбасади во Лондон и Австралија, а ја запалиле амбасадата во Каиро.
Во Атина 13 лица биле приведени бидејќи сакале насилно да влезат во сириската амбасада. Во Берлин пак 20 лица уништиле дел од канцелариите на сириската амбасада.
Безбедносниот персонал на сириската амбасада во Кувајт бил повреден при борбата со демонстрантите, додека демонстрантите во Триполи го развеале сириското знаме на влезот на амбасадата. Протести имаше и во Тунис.
XS
SM
MD
LG