Достапни линкови

Студот однесе 175 животи во Европа


Екстремно ниските температури и натаму создаваат проблеми во Европа, каде бројката на жртви се искачи на 175 лица. Во Британија големите наноси на снег го блокираа централниот и западниот регион. Аеродромот Хитроу денеска откажа 30 насто од летовите, поради неповолните временски услови.
Големите наноси на снег во Фиренца го парализираа железничкиот собраќај. Украинските власти соопштија дека уште 23 лица починале од студ, каде температурите паднаа до – 30 степени. Најголем дел од нив биле бездомници.
XS
SM
MD
LG