Достапни линкови

Критики во ОН за Русија и Кина по ветото на резолуцијата за Сирија


Анти-владините протести во Сирија

Анти-владините протести во Сирија

Американскиот амбасадор во ОН, Сузан Рајс обвини неколку членови на Безбедносниот Совет на ОН дека го предале сирискиот народ на тиранинот. Францускиот амбасадор Жерард Арауд изјави дека Кина и Русија се соучесници во политиката на репресија на режимот во Дамаск.
Кина и Русија гласаа против резолуцијата на советот во која се повикува сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка од функцијата.
Русија се жалеше дека резолуцијата била несоодветна и пристрасен обид за промена на режимот во Сирија.
XS
SM
MD
LG