Достапни линкови

logo-print

Урнат кампот на „Окупирај го Вол Стрит“ во близина на Белата куќа


Огромен шатор во кампот на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ во близина на Белата куќа на 30 јануари 2012 година.

Огромен шатор во кампот на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ во близина на Белата куќа на 30 јануари 2012 година.

Полицијата денеска го затвори последниот од неколкуте големи кампови на активистите од движењето „Окупирај го Вол Стрит“. Кампот се наоѓаше на само неколку блока од Белата куќа. Околу 50 полицајци го урнале кампот со шатори, што демонстрантите го користеа за да преноќат. Полицијата соопшти дека тие постапуваат согласно законите кои дозволуваат демонстрантите да протестираат, но им е забрането поставување на шатори. Движењето „Окупирај го Вол Стрит“ протестира против економската нееднаквост и големите бизнис влијанија врз политиката.
XS
SM
MD
LG