Достапни линкови

Гостиварски села отсечени поради снегот


Архивска фотографија: Снег во Гостивар.

Архивска фотографија: Снег во Гостивар.

Неколку села во општините Гостивар и Маврово-Ростуше се отсечени поради снегот кој од пладне почна интензивно да паѓа. Според информаци од локалните самоуправи, отсечени се жителите на селата во подножјето на Сува Гора, Митрови Крсти, Долна и Горна Ѓоновица и подшарпланинскиот регион Лешница, Горно и Долно Јеловце. Во мавовско-реканскиот регион не се проодни патиштата до селата Нистрово и Врбјане. Во одредени села има и повремени прекини во снабдувањето со струја.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајот по магистралните и регионалните правци се одвива забавено, а движњето на возилата е отежнато.

Во гостиварскиот регион изминативе два дена наврна околу половина метар снег, кој се топи од покачувањето на температурите и од дождот.
XS
SM
MD
LG