Достапни линкови

logo-print

Лавров - Заврши Студената војна, на Европа и треба нов мировен договор


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија смета дека на Европа и треба нов мировен договор по завршувањето на Студената војна. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на безбедносната конференција во Минхен, изјави дека премногу сегашни алијанси се уште се ориентирани кон битки од Студената војна, но не посочи ни една конкретна алијанса.

Лавров рече дека Русија останува подготвена за разговори за противракетниот систем со САД. Тој вели дека Русија продолжува да се спротивставува на американските планови за распоредување на противракетниот систем во Европа, поради загриженоста дека тоа ќе ја намали способноста на рускиот нуклеарен арсенал.
XS
SM
MD
LG