Достапни линкови

Москва не ја поддржува нацрт-резолуцијата за Сирија во ОН


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Москва соопшти дека два проблеми од „клучна важност“ ја спречиле да ја поддржи нацрт резолуцијата на ОН со која се бара од Дамаск да ги оконча насилствата во Сирија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека во текстот има премалку барања за вооружените групи што му се спротивставуваат на претседателот Башар ал-Асад и оти нацрт-резолуцијата има предрасуди за резултатот од националниот дијалог на кој повикува во Сирија.

„Поддршката за една страна во внатрешен конфликт и обидот однадвор да се наметне обемот и темпото на реформите претставува опасна патека што води до проширување на зоните на нестабилност и зајакнување на елементите на хаос во меѓународните односи“, рече Лавров на безбедносната конференција во Минхен, само неколку часа пред Советот за безбедност на ОН да расправа за текстот.

Лавров разговарал за резолуцијата со американската државна секретарка Хилари Клинтон, но нема информации дека е направен напредок.
XS
SM
MD
LG