Достапни линкови

Снежен Балкан и замрзната Европа


Сараево

Сараево

Македонија е под снежна покривка. Вонредна состојба во Сараево поради снежната покривка од еден метар. Башка, студи и тоа во цела Европа

Македонија
Неколку села во општините Гостивар и Маврово-Ростуше се отсечени поради снегот кој од пладне почна интензивно да паѓа. Според информаци од локалните самоуправи, отсечени се жителите на селата во подножјето на Сува Гора, Митрови Крсти, Долна и Горна Ѓоновица и подшарпланинскиот регион Лешница, Горно и Долно Јеловце. Во мавовско-реканскиот регион не се проодни патиштата до селата Нистрово и Врбјане. Во одредени села има и повремени прекини во снабдувањето со струја.

Речиси цела Македонија е покриена со снег кој денеска провејуваше по планините,
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Струга - г.п. Ќафасан.

Неколку села во општините Гостивар и Маврово-Ростуше се отсечени поради снегот кој од пладне почна интензивно да паѓа. Според информаци од локалните самоуправи, отсечени се жителите на селата во подножјето на Сува Гора, Митрови Крсти, Долна и Горна Ѓоновица и подшарпланинскиот регион Лешница, Горно и Долно Јеловце. Во мавовско-реканскиот регион не се проодни патиштата до селата Нистрово и Врбјане. Во одредени села има и повремени прекини во снабдувањето со струја.

АМСМ препорачува внимателност на патните правци Катланово - Велес и Дебар - Струга поради почеста појава на одрони.

Србија

Секторот во МВР на Србија за вонредни ситуации ќе ја следи ситуацијата во државата во наредните 24 до 48 часа по што ќе донесе одлука за прогласување вонредна состојба на подрачјето на целата држава, изјави за Танјуг началникот на тој сектор Предраг Мариќ.
Србија

Србија


Тој додаде дека температурите под нула во Србија според проценки на Хидрометеоролошкиот завод, ќе траат до половината на февруари и вонредната ситуација, ако биде прогласена, ќе трае до тогаш.
Властите во Босна и Херцеговина денеска објавија вонредна состојба во Сараево, откако градот беше парализиран од обилни снежни врнежи, а стотици луѓе останаа блокирани во домовите и автомобилите во целата држава. Висината на снежната покривка во Сараево е над еден метар.

Во 27 општини во Србија е воведена вонредна состојба, а на сметки на локални самоуправи префрлени се вонредно околу 690.000 евра од Владата на Србија.
Министерот за образование препорача да биде прекината наставата во градинките и основните и средни училишта од понеделник 6 февруари до петок 10 февруари. Во 31 општина одлучено е Владата да испрати од стоковите резерви.

Босна и Херцеговина

Властите во Босна и Херцеговина денеска објавија вонредна состојба во Сараево, откако градот беше парализиран од обилни снежни врнежи, а стотици луѓе останаа блокирани во домовите и автомобилите во целата држава.

Висината на снежната покривка во Сараево е над еден метар.

Неколку сараевски квартови објавија дека имаат недостиг од вода. Локалните медиуми јавуваат дека се регистрирани и тепачки за леб по продавниците. Училиштата се затворени на една недела. Властите ги повикаа жителите да не ги напуштаат домовите.
Сараево

Сараево


Во градот голем број трамваи се заглавени, а многу граѓани кои синоќа се упатиле кон домовите ја минале ноќта во возила на градскиот превоз бидејќи и споредните улици се целосно блокирани.

Висината на снежната покривка на Бјелашница е 217 сантиметри, а најстудено утрото беше во Купрес и Иван Седло каде се измерени 18 степени под нулата.

Во Европа студи

Руската компанија Гаспром денеска соопшти дека не може да обезбеди дополнителни испораки на гас за западна Европа која е погодена од студен бран. Претходно ЕУ соопшти дека Гаспром го намалил количеството гас за некои земји на Унијата. Рускиот премиер Владимир Путин. Путин побарал од првите луѓе на Гаспром да им излезат во пресрет на европските барања во оној момент кога внатрешните потреби на Русија ќе бидат покриени.

Според Гаспром, засега не може да одговори на барањето за дополнителни количества гас, а дека договорените количества гас редовно се испорачуваат. Европа последните денови е зафатена од студен бран во кој до сега страдаа најмалку 220 лица
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG