Достапни линкови

Газпром нема дополнителен гас за „замрзнатата“ Европа


Руската компанија Гаспром денеска соопшти дека не може да обезбеди дополнителни испораки на гас за западна Европа која е погодена од студен бран. Претходно ЕУ соопшти дека Гаспром го намалил количеството гас за некои земји на Унијата.
Рускиот премиер Владимир Путин.Путин побарал од првите луѓе на Гаспром да им излезат во пресрет на европските барања во оној момент кога внатрешните потреби на Русија ќе бидат покриени.
Според Гаспром, засега не може да одговори на барањето за дополнителни количества гас а дека договорените количества гас редовно се испорачуваат. Европа последните денови е зафатена од студен бран во кој до сега страдаа најмалку 220 лица
XS
SM
MD
LG