Достапни линкови

Барнс со надеж дека проблемот со името ќе биде решен.


Заменик државниот секретар на САД Вилијам Барнс

Заменик државниот секретар на САД Вилијам Барнс

Заменик државниот секретар на САД Вилијам Барнс изрази надеж дека проблемот со името меѓу Македонија и Грција ќе биде решен што е можно поскоро. Тој и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски разговараа за билатералните односи и за американската подршка за македонските евро-атлански аспирации.
Ова за дописникот на Радио Слободна Европа од Вашингтон го изјави портпарол на Стејт Департментот зборувајки за разговорот меѓу заменик-државниот секретар на САД Вилијам Барнс и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Во интервју за Гласот на Америка шефот на македонската дипломатија пак изјави дека Македонија има направено голем број отстапки, во поглед на спорот со Грција, на патот на интеграциите на земјава во светските структури. Во врска Запрашан за тоа дали Македонија планира да оди на прием со кратенката БЈРМ на Самитот во Чикаго, Попоски вели дека тоа е нешто што е предвидено со Времената спогодба меѓу Македонија и Грција.
XS
SM
MD
LG