Достапни линкови

Тадиќ: Не можеме да живееме во замрзнат конфликт


Претседателот на Србија, Борис Тадиќ изјави дека негова задача не е само разговор со претставници на косовските Албанци туку и да ги убеди во реалноста на својот план во четири точки за Косово оние кои ја водат меѓународната политика, изјави Тадиќ за Ал Џазира.
Тој наведува дека неговиот план подразбира соочување со реалноста, бидејќи „поделба на Косово не е можна бидејќи не ја сакаат големите сили“, а од друга страна на север во Косово очигледно постои проблем кој ниту Приштина ниту меѓународната заедница не можат да го решат.
- Планот е презентиран во речиси сите главни градови во кои се креира меѓународната политика. Одговорот не е негативен, но не и позитивен. Тоа е првпат предлог од Белград да не добие негативен одговор, а дали ќе биде позитивен, ќе видиме, изјави Тадиќ.
Според него, за Косово постојат многу решенија како оние во Северна Ирска, Јужен Тирол,- Не можеме да живееме во замрзнат конфликт бидејќи тој порано или подоцна ќе ескалира, изјави српскиот претседател.
XS
SM
MD
LG