Достапни линкови

Сириските медиуми негираат дека војската е зад убиствата во Хомс


U.S. -- Actors from Avaaz wearing giant masks of Bashar al-Assad and Vladimir Putin dump dozens of bloodied body bags outside the UN Security Council building in New York, 24Jan2012

U.S. -- Actors from Avaaz wearing giant masks of Bashar al-Assad and Vladimir Putin dump dozens of bloodied body bags outside the UN Security Council building in New York, 24Jan2012

Сириските медиуми ги негираат извештаите дека армиските сили се виновни за загинувањето на над 200 луѓе во Хомс.

Претходно Хјуман Рајтс Воч соопшти дека владините сили убиле 217 лица а стотици раниле гранатирајки го градот Хомс. Овој град речиси една година е центар на отпорот против режимот на Башар ал Асад.

Според агенцијата Сана, зад убиствата стоеле терористички групи а не војската. До овие извештаи доаѓа пред денешната седница на Советот за Безбедност на ОН на која треба да се гласа за резолуција со која се осудуваат насилствата во Сирија.

Русија, која има право на вето, соопшти дека не се согласува со резолуцијата и предупреди дека ќе се случиу скандал ако по неа се гласа.
XS
SM
MD
LG