Достапни линкови

Бедни!


Кренар Лога, претседател на демократскиот младински форум на Демокартската партија на Албанците.

Кренар Лога, претседател на демократскиот младински форум на Демокартската партија на Албанците.

Во огнот на конфликтот 2001-ва година, Македонија потпиша спогодба за асоцијација и стабилизација со ЕУ. И по се изгледа овие „успешните истории“, ги разбрануваа матните умови да играат опасно пред самитот на НАТО во Чикаго и европската агенда, пишува за РСЕ Кренар Лога од Демократската Младина на ДПА

Има неколку недели што поради оркестрираната ситуација и наметнатата актуелност ме натераа прашањата за кои што планирав да пишувам во наредните колумни, да ги оставам за подоцна и сето тоа против моја волја и вашето очекување.

Лажниот рефрен за мултиетничко друштво и градење на моноетничка и егоцентрична држава, од друга страна, укажува дека Македонија ја нема прележано( поминато) југословенската болест и залуден е и обидот на меѓуетничката заедница, да теретот на постоењето на Македонија да им го остави само на Албанците.

Очигледно е дека Македонците после 2001-ва година го најдоа нивниот идеален партнер. Во текот на целата деценија тие ќе ги завршуваат сите „ државни и национални“ македонски работи без да им влезе трн во нога. Ја најдоа магичната формула наречена ДУИ и ги реализира и најстраните страсти на нивната фантазија: од убивањето по војната, сонуваноото државно уредување и историскиот дефицит.

За Македононице, ДУИ беше една нула која што им ја зголемува вредноста во секоја работа што ја започнуваа, а Албанците, овој субјект е една нула со која што се помножуваа и на нула завршуваа.

Никој нема право да ја еклипсира(искриви) вистината во Македонија. Бедни се тие кои што се обидуваат да ја замаглат неа. За сите, главна тема на крахот на годината беше сиромаштијата и празните џебови, кредитите, невработеноста, цените на електричната енергија, бензинот, нафтените деривати, квалитетот на образованието, медиумската потчинетост и др. Овој багаж ни е заеднички, дури е малку потешко за Албанците, додај ја на ова и секојдневната дискриминација која ја наоѓате насекаде, понижено достоинство, тотално игнорирање од една неодговорна, нарцисиодна и фашизоидна влада.

Како да е, иронија на среќата, во мојата последна колумна „Не молчете“ го изразив мојот став дека оваа внатрешна и меѓународна неперспективност, ќе ја натера македонската држава да прави темни сценарија. За жал, тие работи веќе се направени и со тоа македонската држава сака да постигне две цели:
Прво – ја манипулира јавноста, и најуспешниот начин беше да се стават на удар меѓуетничките односи(овој пат преку верата), со што на извонреден начин ќе се привлече вниманието на нашите граѓани во Македонија.

Второ – манипулацијата на меѓународната заедница, со истата гореспоменета историја „заканувајќи “ се со ескалирање на ситуацијата во земјата и опасност од дестабилизација во регионот. Македонија често знаела да дрибла со државна неспособност и етничката нееднаквост наспроти меѓународната заедница.


Прво – ја манипулира јавноста, и најуспешниот начин беше да се стават на удар меѓуетничките односи(овој пат преку верата), со што на извонреден начин ќе се привлече вниманието на нашите граѓани во Македонија. И не е ни чудо што сите овие заеднички или посебни игри и се превртија за 2-3 недели и сега сигурно оваа Влада е во делириум, затоа што овие работи не се спомнуваат како Струга да ги спасила. Бедници.

Второ – манипулацијата на меѓународната заедница, со истата гореспоменета историја „заканувајќи “ се со ескалирање на ситуацијата во земјата и опасност од дестабилизација во регионот. Македонија често знаела да дрибла со државна неспособност и етничката нееднаквост наспроти меѓународната заедница.

Оваа опасна игра успешно ја одигра Глигоров при расцепувањето на Македонија од југословенската федерација и независноста на земјата, „аферата со оружјето“, „Случувањата во Радолишта, „Бит Пазар“, и многу други истории , зачленувањето во ОН, потоа членување во „партнерството за мир“, во НАТО.

Во огнот на конфликтот 2001-ва година, Македонија потпиша спогодба за асоцијација и стабилизација со ЕУ. И по се изгледа овие „успешните истории“, ги разбрануваа матните умови да играат опасно пред самитот на НАТО во Чикаго и европската агенда.

М-р. Кренар Лога
Претседател на Демократската Младина на Албанците (ДМА-ДПА)

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG