Достапни линкови

Фестивал на чајот и читањето


Книжевна и културна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“.
Книжевна и културна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“.

Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје се одржува книжевната манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, чија цел е популаризација на книгата, особено кај младите.

Промоции на повеќе дела меѓу кои романот „Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петревски, изборот од драмски текстови „За само еден крај“ од Трајче Кацаров, „Антологијата на јапонската хаику поезија“ од Петко и Наташа Дабески, како и претставувања на новите книги на Јордан Плевнеш, Душица Илин, Панде Манојлов, Билјана Станковска, Зоран Пејковски и други реномирани македонски писатели.
За разлика од минатата година кога имавме повеќе трибини, разговори и дебати, годинава буквално ќе имаме околу 20 промоции во текот на ове месецдена на траењето на фестивалот на чајот и читањето.
Христо Петревски, писател.

Средби со авторите, трибини, разговори и големи попусти на изданијата. Ова се само некои од активностите планирани за второто издание на „Фестивалот на чајот и читањето“ што од 4 февруари до 4 март ќе се одржи во Културниот центар „Феникс“ во Скопје.
Христо Петревски, писател.
Христо Петревски, писател.

„За разлика од минатата година кога имавме повеќе трибини, разговори и дебати, годинава буквално ќе имаме околу 20 промоции во текот на ове месецдена на траењето на фестивалот на чајот и читањето“, вели Христо Петревски, писател и идеен творец на оваа културна и книжевна манифестација.
Книгата и читањето имаат своја благородна, трајна јас би рекол вечна мисија и ние треба да бидеме пресреќни со секој нововлезен купувач, читател во книжарниците и со секој добредојден посетител на овој наш фестивал.
Христо Петревски, писател.

За време на „Фестивалот на чајот и читањето“ ќе биде соопштена и одлуката за годинашниот добитник на меѓународното признание „Златен прстен“, кое се доделува за книжевен опус на истакнат автор од земјава и од странство.

Исто така, се најавува и излегувањето од печат на првиот број од гласникот „Триесет и вториот ден“ кој е замислен како мозаик од колумни, интервјуа, рецензии, преводи и препеви, анкети , препораки, претставувања на културни институции и манифестации, оригинално творештво и други слични рубрики и содржини. И, се тоа за остварување на крајната цел – популаризација на книгата особено кај младите.

„Јас лично би посакал да имаме што повеќе саемски презентации, што повеќе фестивали, што повеќе средби меѓу писателите и читателите. Зошто? Затоа што книгата и читањето имаат своја благородна, трајна јас би рекол вечна мисија и ние треба да бидеме пресреќни со секој нововлезен купувач, читател во книжарниците и со секој добредојден посетител на овој наш фестивал“, дополнува Петревски.

За време на одржувањето на манифестацијата, изданијата на „Феникс“ ќе се продаваат со саемски попуст од 40 до 80 отсто, детските енциклопедии и другите луксузни изданија ќе бидат со пригодни подароци, а сите посетители покрај консумацијата на македонските чаеви , бесплатно ќе станат членови на Клубот на читателите на оваа издавачка куќа.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG