Достапни линкови

Неделен печат - Меѓуетнички тензии за одвлекување од проблемите


Дали радикализацијата на меѓуетничките односи е резултат на несреќни околности или во прашање е коалициски договор, за по којзнае кој пат да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми - тема за анализа во неделниците.

И двата неделника, Фокус и Глобус во колумни во најновите изданија се занимаваат со анализа на политиката на владејачката партија и на премиерот Груевски и последиците по државава, како и на добропознатите рецепти што на јавноста и' ги нуди актуелната политичка гарнитура за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми што на народот му лебдат пред очите, како што пишува Фокус.
И во отсуство на храна за џвакање, спин мајсторите смислија друго - на народот сега му се нуди нова порција подгреана политичка сарма. По којзнае кој пат, на менито е Љубчо Георгиевски.
Фокус.

Фокус - На менито за „џвакање“ овојпат Љубчо Георгиевски

Неделникот ја застапува тезата дека распалувањето на меѓуетничките кавги душа дале за такво нешто. Само што овојпат, изгледа, малкумина поверуваа во автентичноста на нивното разгорување дури две недели по Вевчанскиот карневал, па не можеше да се продолжи во недоглед да се игра на таа карта, смета колумнистот во неделникот.
Глобус- Груевски како Тито
Глобус- Груевски како Тито

И во отсуство на храна за џвакање, спин мајсторите смислија друго - на народот сега му се нуди нова порција подгреана политичка сарма. По којзнае кој пат, на менито е Љубчо Георгиевски. Само што сега на масата нема да мљацкаат само „лавовите“, пишува Фокус. Крај нив, богами, со иста сласт ќе уживаат и „розите“. Понудата е збогатена со бизнисот што Љубчо го правел со Бранко, така што власта гарант ќе успее да ги засити гладните души и тоа на сенационално ниво и ќе го сврти вниманието од главните проблеми за барем еден месец, предвидува уводничарот на Фокус.

Глобус - Груевски како Јосип Броз Тито

Еден од колумнистите на Глобус во текстот со наслов: „Груевски како Јосип Броз Тито“ пишува дека во политиките на Груевски не постои план, туку ризик, ризик А и ризик Б. Ризикот А може да се нарече сиромаштија, а ризикот Б, лоши меѓуетнички односи. Груевски замина во Турција заради ризикот А, односно да обезбеди пари со кои ќе ја решава сиромаштијата, ама ќе му беше попаметно да си останеше дома, со оглед на тоа што се јави ризикот Б. Од 2004 година, меѓуетничките односи не покажале такво галопирачко влошување како сега. Во 2004 Груевски беше опозиција, сега е на власт. И во двата случаи, тој, односно, идеологијата и политиките што ги води, беа клучниот фактор за радикализацијата. Дали сегашната радикализација е резултат на несреќни околности што ги симболизира нашите слабости како општество и држава (провокациите во Вевчани и срамното навредување на Албанците во Ниш) или е во прашање коалициски договор - ВМРО-ДПМНЕ да провоцира, а ДУИ жестоко да реагира за по којзнае кој пат да се дефокусираме од вистинските проблеми, сепак, суштествено е тоа што здрава мултиетничка држава не се гради врз националистички платформи, заклучува колумнистот во Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG