Достапни линкови

logo-print

Кичевско Речани без вода


Жители на кичевското село Речани.

Жители на кичевското село Речани.

Жителите на Речани не паметат кога последен пат убаво се избањале и кога протекла вода низ славините од чешмите. Иако водоводот е изграден пред 10-години, тие вода имаат многу ретко.

Седумдесет и шест годишната Бранка Илиоска од кичевското село Речани се соочува со низа проблеми во текот на денот. Во својата доцна старост животот и судбината и задале многу маки. Сопругот е парализиран, па таа по цел ден се грижи за неговото здравје и нега. Но, маките и се многу поголеми, бидејќи во селото нема вода.
Вода ми треба секоја минута со болен човек сум и вода нема. Не знам што е со водата, како си играат, што ни прават и ние не знаеме. Треба да ја пуштат, и да се заинтересираат, да ја имаме, стари луѓе сме, неасолни.

Па принудена е често да оди до бунарот, да ги полни шишињата и кантите со вода, да ги влече во куќата, да тура во казани да топли, па да ги носи до дворот за да пере, да мие садови, да ја одржува личната и хигиената во домот. Тешко е, вели, во лето, зашто тогаш и бунарите пресушуваат во селото, а уште потешко во зима, кога се смрзнати, па треба да бара помош од соседите за да ги греат, да ги одмрзнат.
Жители на кичевското село Речани.

Жители на кичевското село Речани.


„Вода ми треба секоја минута со болен човек сум и вода нема. Не знам што е со водата, како си играат, што ни прават и ние не знаеме. Треба да ја пуштат, и да се заинтересираат, да ја имаме, стари луѓе сме, неасолни“, вели Илиоска.
Кој те гледа, никој не ти се пули, пред избори само те бараат, а потоа пријатно не го гледаш. Селото 30-ина луѓе сме, добиток чуваме, овци други работи, вода нема да се измиеме. А летово и суша беше, ни бунарите немаа вода. И сега немаат, ова брука е да ти кажам право, 21 век, ова никаде го нема.

Со исти маки се соочува семејството на Драгољуб Никодиноски, со две мали деца, кои се единствени деца во целото село. Како што вели Никодиноски, треба преку цел ден еден човек да биде посветен на црпење и носење вода до куќата, за да се одржува хигиената и на децата и на куќата. Тој стравува и за здравјето на малите, зашто водата во бунарите годинава добила друга боја, вкус и мирис.

„Кој те гледа, никој не ти се пули, пред избори само те бараат, а потоа пријатно не го гледаш. Селото 30-ина луѓе сме, добиток чуваме, овци други работи, вода нема да се измиеме. А летово и суша беше, ни бунарите немаа вода. И сега немаат, ова брука е да ти кажам право, 21 век, ова никаде го нема“, се жали Никодиноски.

Сите 30-ина жители на Речани, се мачат со водата. Не паметат кога последен пат се избањале убаво, кога протекла вода низ славините од чешмите, зашто пред една деценија бил изграден водовод во селото, со државни пари.

„Од тогаш нема вода постојано, кај дојди, кај не дојди ништо, маки големи, да се измиеме немаме вода. Појди во Миокази, вода си течи во реката, а овде нема“, вели Перо Крстески.

„Настојуваме, бараме, не добиваме, до градоначалникот, никој не се јавува. А, кога ќе има за гласање, тогаш ќе дојдат, потоа никој веќе не ни прашува“, изјави Јово Стојкоски.

Овие луѓе ја изгубиле вербата и во Општината и во државата и институциите. Иако многу не се надеваат, сепак молат за помош, да се реши проблемот, да се санира дефектот, да се спречат жителите на соседното село Миокази, да им ја стопираат водата на шахтата, па и тие да живеат како луѓе.

Градоначалникот Ванчо Србакоски вели дека не само Речани и многу други села во Општина Вранештица имаат водоводи кои не се во функција откако се изградени пред 10-ина години. Тој тврди дека при поставување на водоводната инсталација тогаш биле користени цевки со помал отвор, кои често пукаат, и не можат да ги прифатат количествата вода доволни за потребите на Општината. Србакоски вели дека максимално се залага да обезбеди донации за да ги реши овие комунални проблеми, бидејќи не може од државата да се користат два пари средства за иста намена.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG