Достапни линкови

logo-print

ХРВ: иранските власти апсат роднини на новинари


Организацијата Хјуман рајтс воч соопшти дека иранските власти апселе роднини и пријатели на новинари кои работеле во странство. Како пример се посочува дека во минатиот месец иранските безбедносни сили упаднале во домот на еден роднина на новинар на персискиот сервис на Би Би Си, по што скоро две недели го држеле како заложник. Според ХРВ, по се изгледа станува збор за поширока кампања за притисок врз новинарите кои работат за странски медиуми.
XS
SM
MD
LG