Достапни линкови

logo-print

Кривична за Петров, прекршочна за Црвенковски


Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски.

Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски.

Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски најави прекршочна пријава за Црвенковски за непријавен имот и кривични пријави за генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, за управителот на А1 телевизија, Славко Нинов и за управителот на „Плус продукција“, која ги издаваше згаснатите весници Шпиц, Време и *** е ре, за незаконско финансирање на предизборната кампања на СДСМ.

Лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски ќе биде гонет прекршочно за непријавување на имот во анкетниот лист до Антикорупциската комисија, а генералниот секретар на партијата Андреј Петров ќе добие кривична пријава за „злоупотреба на средства во изборната кампања“.
Ги уверуваме дека кога тогаш пред надлежите државни институции ќе одговараат за своите постапки. На крајот една лична порака до нарачетелите, ако со ова мислеле да ме уплашат, се излажале. No pasaran.

Додека за наводите во извештајот дека и во другите партии, меѓу кои и владеjaчката ВМРО-ДПМНЕ, кои во кампањата потрошиле повеќе пари од она што го пријавиле дека го имаат, се уште не е стигнато на ред да се утврди дали има место за сомнеж за корупција.

Антикорпуциската комисија денеска соопшти дека до Јавното обвинителство доставила три иницијативи за кривично гонење, една за Петров, како организатор на изборната кампања, поради Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

недозволено користење на средства, спречување на надзор на трошењето на планираните пари за кампањата, неподнесување на извештај за потрошеното и изворот на финансирање. Другите две се однесуваат на управителите на А1 Телевизија, Славко Нинов и на издавачот на згаснатите весници Шпиц, Време и **** е ре, „Плус продукција“, Бобан Шошкиќ за злоупотреба на службена должност, односно давање лажни податоци за
Не е посочен недвижен имот како сопственост на сопругата на Бранко Црвенковски на островот Корчула во Република Хрватска, Јасмина Црвенковска е наследник на една третина од станот од покојниот татко во Белград, на овоштарник, нива, гаража, како и девизни парични средства.
финасиите во изборната кампања и за недозволено финасирање партиски кампањи.

На ова Петров возврати со најава за кривични пријави за свесна злоупотреба на службена должност на членовите на Комисијата, затоа што, како што вели, за време на кампањата СДСМ работел според законите, а за тоа според него, доказ е позитивниот извештај на државниот ревизор.

„Ги уверуваме дека кога тогаш пред надлежите државни институции ќе одговараат за своите постапки. На крајот, една лична порака до нарачетелите, ако со ова мислеле да ме уплашат, се излажале. No pasaran“, вели Петров.

Тој додава дека и овојпат од Антикорупциската комисија не се слушна за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и дупката од 3 милиони евра без покритие, што е уште еден доказ за тоа дека Комисијата го штити премиерот и владејачката партија.

Претседателот на Антикорупциската комисија Воислав Зафировски за нерегуларностите пронајдени во финансиските извештаи на другите партии изјави дека засега само го информирале Собранието.

„Ни беше и целата да ги информираме за нашите наоѓања, гледате, работиме полека, но прецизно. Не значи дека со ова го затвараме прашањето на изборниот процес, многу бргу, се надевам за недела, најдолго за две недели, ќе излеземе со дополнително соопштение кое би се однесувало на другите постапки.“

Тој детално го опиша имотот на сопругата на Црвенковски, Јасмина, којшто не бил пријавен во анкетниот лист.

„Не е посочен недвижен имот како сопственост на сопругата на Бранко Црвенковски на островот Корчула во Република Хрватска, Јасмина Црвенковска е наследник на една третина од станот од покојниот татко во Белград, на овоштарник, нива, гаража, како и девизни парични средства во износ од 26,540 американски долари, 15,934 германски марки, 2.564 швајцарски франци.“

За ваквите тврдења на Комисијата, Петров вели дека служат за замајување на јавноста.

„Имот од 1977 година, кога Бранко Црвенковски бил во трета година средно училиште во титова Југославија, ја третираме како ноторна глупост и овие луѓе од оваа Комисија кои трошат државни пари за исплата на нивните високи плати, наместо да се бават со сериозни работи се занимаваат со глупости.“

Комисијата, покрај прекршочната пријава, доставила барање и до Управата за јавни приходи за проверка на имотната состојба.

На денешната опширна прес-конференција, Зафировски информира и дека се донесени заклучоци против двајца судии од Уставниот суд поради двојни функции и барањето до нив да го напуштат Уставниот суд, како и за директорот на агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски и поранешниот директор Ернат Фејзулаху, како и неколку нивни соработници поради злопотреба на јавните набавки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG