Достапни линкови

logo-print

Претседателите на БиХ, Хрватска и Србија на Јахорина


Претседателите на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, денеска на Јахорина, во близина на Сараево, разговараа за унапредување на соработката во битката против организираниот криминал. Тема е и регионалната соработка и размената на искуства во користењето на европските фондови и интеграцијата на регионот во Европската Унија. На средбата, како што е соопштено, се разгледува и менувањето на граничните процедури, меѓу овие земји, откако Хрватска ќе стане членка на Европската Унија во 2013-та година.
XS
SM
MD
LG