Достапни линкови

Тачи подготвен да се сретне со Тадиќ


Косовскиот премиер Хашим Тачи на македонската телевизија Алфа порача дека е подготвен да се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ. ,,Јас и Борис Тадиќ како лидери имаме задача да си пружиме рака еден на друг. Подготвен сум да седнам со Тадиќ за да разговарам. Сакам да нагласам дека за внатрешната политика на Косово ќе решаваме ние самите,, изјави Тачи во интервјуто што ќе се емитува в сабота. Тој смета дека Србија би требала да го промени ставот не само спрема Косово, туку и спрема сите други држави од западниот Балкан. Тој позитивно ги оцени односите меѓу Косово и Македонија, истакнувајќи дека очекува македонскиот премиер Никола Груевски да дојде во официјална посета на Косово.
XS
SM
MD
LG