Достапни линкови

logo-print

Малев ги прекина сите операции


Унгарската авиокомпанија Малев соопшти дека ги прекина операциите и ги приземји сите нејзини летови за да ги минимизира штетите поради лошата финансиска ситуација. Малев има долг од околу 270 милиони долари и не беше во можност да најде нови инвеститори. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека два авиона на Малев се уште се надвор од земјата еден во Тел Авив, а друг во Ирска. Деновиве Европската унија и нареди на Малев да врати скоро 400 милиони долари незаконски државни субвенции примени меѓу 2007 и 2010 година со што оваа компанија ги прекршила правилата за конкуренција.
XS
SM
MD
LG