Достапни линкови

logo-print

В понеделник, вториот пакет од помошта за Грција


Графит во Атина

Графит во Атина

Вториот пакет од помошта за Грција ќе биде одобрен од министрите за финансии од еврозоната на состанокот в понеделник во Брисел, изјавија претставници на Европската комисија. Се очекува на средбата да биде објавено и дека бил постигнат компромис за отпишување на дел од грчкиот долг кон приватните кредитори и за пронаоѓање формула за размена на грчки државни обврзници со подолг рок на доспевање и пониски камати. Грција има потреба од новиот спасувачки пакет од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 130 милијарди евра за да избегне евентуален банкрот.
XS
SM
MD
LG