Достапни линкови

Бесими во Брисел на состанок на Северно-атлантскиот совет


Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими денеска ќе учествува на редовниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел. Состанокот на Северно-атлантскиот совет со земјите кои не се членки на Алијансата, а учестуваат во КФОР и ИСАФ мисиите, претставува подготовка за самитот на НАТО во Чикаго. Како дел од делегацијата која ќе присуствува на состанокот ќе биде и македонскиот амбасадор во НАТО Мартин Треневски.
XS
SM
MD
LG