Достапни линкови

Путин: Анти-ракетниот систем на САД и НАТО е насочен кон Русија


Рускиот премиер Владимир Путин се појави на руската државна телевизија во програмата „Студена Политика“ и изјави дека анти-ракетниот систем на САД и сојузниците НАТО во Европа „ несомнено е насочен кон неутрализирање на нуклеарната способност на Русија“. Тој додаде дека анти-ракетниот систем може да ја покрие „ територијата на планината Урал, каде што се наоѓаат нашите нуклеарни сили.“
Путин истакна дека не постои никаква закана од Иран или од Северна Кореја и дека НАТО не понудил ниту една писмена гаранција дека анти-ракетниот систем нема да насочен кон Русија.
XS
SM
MD
LG