Достапни линкови

Доналд Трамп го поддржа Мит Ромни


Американскиот магнат и телевизиска ѕвезда Доналд Трамп реши да го поддржи републиканскиот кандидат за претседател, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни. Трамп со овој потег изненади многумина со оглед на тоа што претходно во САД се очекувало тој да го поддржи републиканскиот противкандидат на Ромни, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич. Трамп на прес-конференција во Лас Вегас изјави дека Ромни е паметен човек кој нема да дозволи лошите работи да продолжат да и се случуваат на зејмата.
Претходно Ромни издвои победа на прелиминарните избори во американската сојузна држава Флорида за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во ноември годинава.
XS
SM
MD
LG