Достапни линкови

Нови жртви при протести во Египет


Полицијата во североисточниот град Суез во Египет уби најмалку двајца мажи при последните судири со демонстранти за време на протетстите. Министертвото за здравство сооопшти дека последните две жртви се убиени со куршум.
Околу 3 илјади луѓе излегле на протест вчера пред полициската станица во Суаз.
Вчера протести се оддржале и во Каиро каде што полицијата фрлила озавец врз демонстрантите кои марширале пред министерството за внатрешни работи. Очевидци тврдат дека илјадници демонстранти извикувале слогани против владечкиот Воен Совет. Државната телевизија јави дека 628 луѓе биле повредени при судирите во Каиро.
Причина за протести беа немирите на еден фудбалски натпревар меѓу два египетски тима на стадион во Порт Саид, каде загинаа најмалку 74 лица.
XS
SM
MD
LG