Достапни линкови

Таткото на Литвиненко му се извини на Путин


Таткото на Александар Литвиненко, Волтер вчера му се извини на рускиот премиер Владимир Путин за лагите и обвинувањата кои ги искажал односно дека руската безбедносна служба го убила неговиот син. Александар Литвиненко е поранешен агент на КГБ, кој беше отруен во 2006-тата година во Лондон , по што се нарушија дипломатските односи меѓу Лондон и Москва. Во телевизиското интервју кое беше емитувано на руска телевизија, таткото Литвиненко јавно му се обрати на Путин и побара прошка за како што вели кажаните лаги.
XS
SM
MD
LG