Достапни линкови

НБРМ попесимистична за економскиот раст


Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија.

Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија.

Гувернерот ја смени проекцијата за економкси раст за годинава на 2,4 проценти. Од опозициската СДСМ повикаа Владата да направи итен ребаланс.

Народната банка ја смени проекцијата за економскиот раст годинава на 2.4 проценти, за 0.6 отсто помалку во однос на првобитното предвидување направено лани во ноември. Гувернерот Димитар Богов вели дека проекцијата на НБРМ е основана на моделот на банката.
Ревизијата од ноември до сега е поради намалената екстерна побараувачка, а тоа се податоци коишто ги добиваме од меѓународни извори. Во овој момент сите наши анализи, модели, покажуваат дека 2,4 посто е реален раст, при екстерна побараувачка од -0,3 проценти.

„Ревизијата од ноември до сега е поради намалената екстерна побарувачка, а тоа се податоци коишто ги добиваме од меѓународни извори. Во овој момент сите наши анализи, модели, покажуваат дека 2,4 посто е реален раст, при екстерна побараувачка од -0,3 проценти.“

Новите предвидувања на централната банка следат откако Европската банка за обнова и развој ги спушти проекциите за годинава на 1,8 проценти, а владата и понатаму остана на очекувањето за економски раст од над 4 проценти. Богов вели дека Министерството за финансии Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија

Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија

користи сопствен модел за предвидување на растот

„Мислам дека министерот за финасии во неколку прилики образложи зошто отишле со таква проекција и како ќе се однесуваат во праксата, така да нема тука што да додадам, во секој случај министерството за финасии, односно Владата не прават ревизија толку често како што ние правиме.“

Централната банка не ги менува
Ја повикуваме Владата на Република Македонија да ги остави на страна тврдоглавоста и суетите и во интерес на граѓаните и фирмите, под итно да направи ребаланс на буџетот и истиот да го усогласи со реалната состојба во економијата.

предвидувањата за инфлацијата – општиот пораст на цените на годишно ниво се проценува на 2 проценти. Проценето е дека во 2012 година дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања ќе изнесува 4,5 отсто од вредноста на бруто домашниот производ, што е во рамките на претходните предвидувања. Лани јавната потрошувачка имала негативен ефект на растот, посочува гувернерот

„Меѓутоа инвестициите имаат позитивна стапка на раст и тука голем придонес имаат јавните инвестиции, значи кога говориме за буџетот треба да водиме сметка за оној дел што е јавна потрошувачка од буџетот и оној дел што се јавни инвестиции, за оваа година како што ги гледаме податоците повторно даваат предност на јавните инвестиции.“

Богов посочува дека за сега нема неурамнотеженост меѓу монетарната и фискалната политика. Поголемото од очекуваното забавување на македонската економија, според НБРМ, би дошло како последица на неизвесноста во еврозоната и најавите за намалена побарувачка. Во рамки на банкарскиот сектор, во согласност со оценките за малку побавен раст на домашната економска активност и зголемена неизвесност поврзана со перспективите на глобалната економија, се очекува послаб раст на монетарните и кредитните агрегати.

Реакција од опозицијата

Од опизициската СДСМ реагираат дека новото предвидување на централната банка „покажува дека НБРМ очекува дополнително влошување на состојбите во македонската економија во текот на оваа година“.

„Имајќи го тоа во предвид, најконструктивно ја повикуваме Владата на Република Македонија да ги остави на страна тврдоглавоста и суетите и во интерес на граѓаните и фирмите, под итно да направи ребаланс на буџетот и истиот да го усогласи со реалната состојба во економијата“, изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.
XS
SM
MD
LG