Достапни линкови

logo-print

Попоски и Бесими на вечера со претставници на американската администрација


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министрите за надворешни работи и одбрана Никола Попоски и Фатмир Бесими, синоќа во македонската амбасада во Вашингтон, имаа работна вечера со истакнати личности од американската администрација и претставници на тинк-тенк заедницата од САД.
Меѓу присутните биле Доналд Рамсфелд, поранешен секретар за одбрана на САД и Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД.
Според соопштението на МНР, министрите ги презентирале аргументите зошто Македонија треба да биде дел од НАТО. Присутните се согласиле дека Македонија ги исполнува условите за влез во Алијансата и заслужува да биде нејзина членка.
XS
SM
MD
LG