Достапни линкови

Дневен печат - Меѓуетничките односи ја засенија економијата


Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.
Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.

Вестите од економијата се губат во морето информации за меѓуетничките тензии во струшко.

„На политиката најтопло и' е во зима“, гласи насловот на текстот во Нова Македонија, во кој весникот забележува дека неколку години наназад токму во зимските месеци, се случуваат инциденти врз етничка основа.
На протестниот митинг во Струга биле инволвирани и радикални исламски структури од Блискиот Исток, кои немаат ништо заедничко со интересите на Албанците во Македонија.
„Илирикум либертас“, за Дневник.

Утрински ја цитира Радио Слободна Европа и изјавата на Канцеларијата на ЕУ во Скопје, дадена за вестите на македонски, во која се повикува на смирување на меѓуетничките страсти.
Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.
Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.

Вечер, на насловна го објавува апелот за некористење на состојбата во Струга за политички цели, од страна на премиерот Груевски упатен неколку дена по инцидентите и тоа од Турција, додека Дневник во наслов го пренесува тврдењето на невладината организација „Илирикум либертас“ дека на протестниот митинг во Струга биле инволвирани и радикални исламски структури од Блискиот Исток, кои немаат ништо заедничко со интересите на Албанците во Македонија.
Владата на големо доцни за малите и големите проекти во земјава што ги вети, а од нив се уште нема ништо: Ниту Вардарската стана силиконска долина, стотици илјади евра од патарините се уште завршуваат во нечии џебови наместо во државната каса, големите зелени здравствени книшки не се претворија во мали електронски картички, ТЕЦ Неготино со години се чува како ладна резерва.
Нова Македонија.

Во Утрински може да се прочита за загрижувачката анализа на Берлинскиот институт дека на Балканот допрва ќе се менувале границите затоа што Македонија, Косово и Босна се фрагилни држави на кои им се заканувале меѓуетнички конфликти.

Во морето информации за состојбите со меѓуетничките непријатни случувања во Струга и струшко, се губат вестите од економијата, како онаа во Нова Македонија, на пример, дека „Владата на големо доцни за малите и големите проекти во земјава што ги вети, а од нив се уште нема ништо: Ниту Вардарската стана силиконска долина, стотици илјади евра од патарините се уште завршуваат во нечии џебови наместо во државната каса, големите зелени здравствени книшки не се претворија во мали електронски картички, ТЕЦ Неготино со години се чува како ладна резерва...“, пишува весникот.

Исто така Нова Македонија објавува дека ланскиот буџет останал покус за 180 милиони евра, поради што Владата лани морала да ги скрати трошоците за капиталните инвестиции, инаку толку потребни на македонската економија, бидејќи не се оствариле нејзините проекции за вкупни приходи од околу 2,41 милијарда евра.

За рекламите за владината кампања „Купи куќа-купи стан“, владата потрошила 305.000 евра на агенцијата Република, која, пак, се јавила на тендерот со најповолна понуда, пишува Утрински.

За Вечер е најважно што премиерот со речиси цела Влада е во Турција во потрага по инвеститори од таа земја и што Љубчо Георгиевки останал сам откако целото членство и Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-НП преминале во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, па овие вести ги објавува на насловна страница.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG