Достапни линкови

Заврши владиното роад шоу во Турција


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски на македонско-турскиот бизнис форум во Бурса изјави дека Турција е една од најважните политички и економски сојузници на Македонија. Тој ги повика турските бизнисмени да ја посетат Македонија и да ги искористат поволностите што се нудат, а Владата е подготвена да им излезе во пресрет и да им обезбеди поддршка во реализација на инвестициите. Според Груевски интерес за поединечни средби и конкретни информации побарале околу 50 компании главно од лесната индустрија.
Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан изјави дека трговските односи меѓу двете земји постојано се зголемуваат, но според него, треба да се достигне бројката од милијарда долари трговска размена, а инвестициите да изнесуваат 500 милиони евра.
XS
SM
MD
LG