Достапни линкови

logo-print

Етничките лидери бегаат од граѓанско општество


Илустрација.

Илустрација.

Се запоставува граѓанското општество на сметка на поделеноста. Политичките елити се затвораат околу своите интереси запоставувајќи ги состојбите меѓу граѓаните, коментираат аналитичарите.

Низата настани со меѓуетнички, но и со меѓуверски предзнак, поприлично силно го илустрираат се уште присутното насилство во нашето поделено општество, коментираат дел од експертите во Македонија. Од друга страна, политичките елити се повеќе се затвораат околу своите интереси запоставувајќи ги состојбите меѓу граѓаните.
Поделеноста на општеството им одговара на овие вакви етнички лидери. Во Македонија е буклвално конституционализиран тој дел на делбите. Од тоа профитираат политичарите, лидерите, затоа што секој од нив, наместо да се натпреварува за гласовите на граѓаните на целата територија на земјата, секој од нив се обраќа до својата етничка група.

Се запоставува граѓанското општество на сметка на поделеноста и една од колатералните штети на се што правевме по донесување на Рамковниот договор е создадениот впечаток дека сите тензии и проблеми се решаваат меѓу политичарите и тоа најчесто зад затворени врати, вели професор Билјана Ванковска.

„Поделеноста на општеството им одговара на овие вакви етнички лидери. Во Македонија е буклвално конституционализиран тој дел на делбите. Од тоа профитираат политичарите, лидерите, затоа што секој од нив, наместо да се натпреварува за гласовите на граѓаните на целата територија на земјата, секој од нив се обраќа до својата етничка група.“
Македонци и Албанци се степаа на скопското Кале пред една година, поради изградбата на музеј-црвка на Калето.

Македонци и Албанци се степаа на скопското Кале пред една година, поради изградбата на музеј-црвка на Калето.


Во Македонија се уште не се изградени демократските институции коишто создаваат услови за спонтано развивање на меѓуетничките односи, додава аналитичарот Исмет Рамадани. Во таквите околности, владејачките партии се повеќе се свесни за сопствениот, а се помалку за општиот интерес на општеството.
Ние имаме партии на власт како што е ВМРО-ДПМНЕ, која е конзервативна националистичка партија. Од другата страна имаме друга партија, која исто така влече на своја страна, така што малку прават во тоа што се допирни позитивни точки, како што се меѓуетнички и граѓански права.

„Ние имаме партии на власт како што е ВМРО-ДПМНЕ, која е конзервативна националистичка партија. Од другата страна имаме друга партија, која исто така влече на своја страна, така што малку прават во тоа што се допирни позитивни точки, како што се меѓуетнички и граѓански права“, посочува Рамадани.

Наредната деценија треба да ја потрошиме на градење на суштински соживот, којшто води низ соочување со минатото, работа на сопствените предрасуди и создавање услови за зближување и помирување, додава Ванковска.

„Секој во ова општество е одговорен за состојбите и секој може во својата средина и мора да работи на откривање на елементи на дискриминација, на создавање на стереотипи, на омраза, на нетрпеливост, на говор на омраза, на непочитување на некои колективни вредности. Мислам дека на тој план ние имаме големи пропусти.“

Во сегашните околности меѓуетничките односи треба многу будно и внимателнио да се менаџираат, велат експертите, коишто забележуваат и дека во изминатиотв период биле индолентно набљудувани од одговорние политички структури, оставајќи да се вжештат и создавајќи нова тензична атмосфера за која, сепак, не мислат дека ќе ги добие димензиите од 2001-та.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG