Достапни линкови

Синдикатот ќе гледа како го поскапуваат парното


Состанок на Сојузот на синдикатите на Македонија и Регулаторната комисија за енергетика на РМ.
Состанок на Сојузот на синдикатите на Македонија и Регулаторната комисија за енергетика на РМ.

Синдикатот ќе учествува на седниците на Регулаторната комисија, каде ќе се носат одлуките за новите цени на парното, струјата и горивата, но без право на одлучување.

Граѓаните се скептични дека по најавите на Сојузот на сидникати на Македонија дека ќе учествува на седниците на Регулаторната комисија за енергетика, нешто ќе се смени. Тие велат дека не веруваат оти Синдикатот има моќ да влијае врз цените на парното греење оти и досега не виделе големи резултати од нивните активности.
Тоа е само про форма средба, ништо од Синдикатот. Направил нешто Синдикатот за овие 20 години?
Анкетиран граѓанин.

Претседателот на сидникатот Живко Митревски вчера по средбата со Регулаторната комисија изјави дека се договориле да учествуваат на седниците на Комисијата каде ќе се носат одлуките за новите цени на парното, струјата и горивата, но без право на одлучување, односно само да го кажат своето мислење околу поскапувањето.

Граѓаните се сомневаат во можноста
Живко Митревски, претседател на ССМ
Живко Митревски, претседател на ССМ
Синдикатот да ги заштити од нови поскапувања.

„Тоа е само про форма средба, ништо од Синдикатот. Направил нешто Синдикатот за овие 20 години?“

„Не функционира ни правна држава, ниту Синдикатот.“

Проблемот лежи во законоската регулатива која е поставена да биде во интерес на а.д. Топлификација а не во интерес на граѓаните.
Уранија Пироска, портпатол на Народниот правобранител.
„Сигурно дека не може.“

„Синдикатот на времето беше многу јак, не знам зошто и од кои причини ослабна неговата функција. Секако дека може да се подобри состојбата.“

Митревски додаде дека се разговарало и за побрза измена на методологијата со која се формираат цените како и за барањето да учествуваат во
сметка за парно
сметка за парно
креирањето новите цени. Од почетокот на оваа грејна сезона забележан е драстичен пораст на граѓански преставки до Народниот правобранител кои се однесуваат на Топлификација.

Портпаролката на Народниот правобранител Уранија Пироска вели дека дел од преставките се однесуваат на квалитетот на услугата
Никако. Ќе ја добиеме сметката и отпозади прочитајте Де Де Ве, Ме Де Ве, и кога парите ни ги земале, ќе ни ги покачат троа пензиите, ама парите дупло ни ги земаат.
Анкетиран граѓанин.
,
односно на затоплувањето во нивните домаќинства, а дел на енормно зголемените сметки, како и за начинот на мерење на потрошената топлинска енергија. Кога станува збор за механизам за заштита на граѓаните од поскапување тогаш тоа може да се види во промена на законот за да може на поедноставен начин на граѓаните да им се овоможи да плаќаат според она што го потрошиле и според нивниот стандард. Проблемот лежи во закононската регулатива која е поставена да биде во интерес на
а.д. Топлификација, а не во интерес на граѓаните, вели Пироска.

„Значи мора да постои еден баланс во стандардите кои што постојат во државата при утврдување на цената на топлинската енергија. Од тие причини баравме да се промени законската и подзаконската регулатива, затоа што во моментов граѓаните не плаќаат за реално потрошената енергија, бидејќи знаете дека на пример во станбените обејкти, доколку се исклучи еден станар од топлификацискиот систем, тогаш за топлинската енергија што поминува низ цевките од неговиот стан, а кои што не можат да се отстранат, плаќаат сите други станари во зградата.“

Таа додава дека не може да коментира дали учеството на Синдикатот на седниците на Регулаторната комисија навистина ќе донесе некакви промени.

„Затоа што во услови кога ние го користиме најакиот инструмент, инструмент кој што го поседува Народниот правобранител, а тоа е инфомација до Влада и при тоа немаме никаква реакција, односно промена на состојбите, што да ви кажам, не би можела да прејудицирам и да давам оценки дали тоа е целисходно или не.“

Според анализите на Синдикатот, една третина од месечните трошоци на едно семејство или од 7 до 9 илјади денари им одат на сметки за струја и парно, а тоа е неиздржиливо со една просечна плата на работниците која изнесува околу 200 евра, односни 12 илјади денари.

Граѓаните, од друга страна, пак, сметаат дека нема начин кој ќе им помогне да се заштитат.

„Никако. Ќе ја добиеме сметката и отпозади прочитајте Де Де Ве, Ме Де Ве, и кога парите ни ги земале, ќе ни ги покачат троа пензиите, ама парите дупло ни ги земаат. И што после? Народот е заплашен и затоа не излегува.“

„И онака немаат пари да плаќаат, најверојатно треба малку повеќе да се бунтуваат.“

„Мислам дека што и да се направи ништо нема да има ефекти, искрено да ви кажам.“

Секој размислува за себе, па велат дека единствен инструмент им е од следната грејна сезона да се откажат од парното и да бараат алтернативи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG