Достапни линкови

Газа - со чевли врз конвојот на Бан Ки Мун


Палестински демонстранти со чевли и други предмети фрлаа по конвојот на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој денеска влезе во Газа.
Фрлањето чевли е знак за израз на големо непочитување во исламската култура. Палестинците се лути затоа што светските лидери не успеаа да го убедат Израел да ослободи околу 4 илјади затвореници кои се водат како закана за безбедноста. Бан Ки Мун пред посетата на Газа побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги олесни рестрикциите кон Газа.
XS
SM
MD
LG