Достапни линкови

logo-print

Министерот Бесими во Пентагон и Стејт департментот


Билатералната соработка во областа на одбраната, начините за нејзино идно унапредување и заедничкото учество во мировни мисии, како важен сегмент на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД, беа тема на средбата во Пентагон меѓу министерот за одбрана Фатмир Бесими и Џозеф МекМилан, вршителот помошник-секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.
Министерот Бесими, истакнал дека Република Македонија ќе продолжи со реформскиот процес во одбраната, а потврдени беа и македонските заложби за членство во НАТО. Помошник-секретарот МекМилан ја нагласил подршката на САД на Македонија за полноправно членство во Алијансата. Во тој контекст МекМилан го поздрави долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии.
По посетата на Пентагон, министерот Бесими, во Стејт департментот, имаше средба и со Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, како и со повеќе сенатори и конгресмени на кои се разговарало за членството на Република Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG