Достапни линкови

Владиното роад шоу во Турција завршува во Бурса


Со денешниот бизнис форум во Бурса, владиниот тим предводен од премиерот Николоа Груевски ја завршува посетата на Туција, каде што во изминатите денови ги претставуваа можностите за инвестирање во Македонија.
Во текот на денешниот ден ќе биде потпишан и протокол за соработка меѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони на Македонија и Дирекцијата на организираните индустриски зони на Турција.
Премиерот Груевски попладне во Бурска ќе има средба и со иселениците од Македонија.
Економска промоција на Македонија владиниот тим претходно направи и во Истанбул, Кајсери, Коња, Газиантеп и Измир, а премиерот Гуевски во Анкара имаше средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.
XS
SM
MD
LG