Достапни линкови

Снег и студ ја „стегнаа“ Македонија


Снежните врнежи низ целата држава го отежнаа одвивањето на сообраќајот. иако засега нема прекини во авиосообраќајот, меѓуградскиот и железничкиот сообраќај, додека во патниот има забрана за тешки товарни возила на повеќе правци.
Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во утринските часови се одвива отежнато и во зимски услови со врнежи од снег освен во источниот дел на државата.
.Управата за хидрометоролошки работи соопштува дека пообилни врнежи од снег ќе има претпладне во западните и јужните делови, а ќе се формира и нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Дневната температура ќе се движи од минус девет до нула степени.
Во Скопје слично време, со дневна температура до минус три степени.
XS
SM
MD
LG