Достапни линкови

logo-print

Панета се надева дека борбената мисија во Авганистан ке заврши во 2013


Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета изјави дека САД и други странски војници во Авганистан сега се надеваат дека ќе ја завршат борбената мисија до средината на 2013 година и дека потоа ќе започне процесот на транзиција за обука на домашните војници. Панета ова го изјави пред денешните разговори во Брисел со министрите за одбрана на НАТО. До оваа средба доаѓа по изјавата на францускиот претседател Никола Саркози дека Франција ќе се повлече од борбената мисија во 2013 една година пред претходно планираното повлекување на НАТО во 2014.Авганистански официјални преставници пак изјавија дека прераното повлекување може да ги остави авганистанските безбедносни сили неподготвени.
XS
SM
MD
LG