Достапни линкови

Ангела Меркел во посета на Кина


Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна во Пекинг каде од кинеското раководство треба да побара да изврши притисок врз Иран да биде по отворен и транспарентен во врска со нуклеарната програма.
Таа со претседателот Ху Цинтао и премиерот Вен Џибао ќе дискутира за новите санкции против Иран кои Кина одбива да ги подржи. Кина е е еден од најголемите увозници на нафта од Иран.
Во рамките на три дневната посета Меркел ќе разговара и за ситуацијата во Сирија и кризата во евро – зоната. Таа а придружувана од голема бизнис делегација.
XS
SM
MD
LG