Достапни линкови

Во Египет 74 загинати во судир на навивачи


Египетската државна телевизија јави дека 74 лица загинале синоќа а околу 1000 луѓе се повредени по судирот меѓу навивачи на фудбалски натпревар во египетскиот град Саид. Судирите се случиле меѓу навивачите на ривалските тимови, домашниот Ал Масри и најдобриот египетски клуб Ал Ахли. До инцидентот дошло веднаш по натпреварот што е завршен со победа на домаќинот, 3-1. Навивачите на двата тима фрлале камења шишиња и петарди, а на телевизисиките снимки се гледа и пожар на стадионот.
XS
SM
MD
LG