Достапни линкови

Ангела Меркел во посета на Кина


Германската канцеларка Ангела Меркел која од вчера е во посета на Кина ги повика официјалните претстaвници на таа земја да извршат притисок врз Иран да биде поотворен и потранспарентен. Главна тема на средбите со кинескиот претседател Хи Џинтао и премиерот Вен Џибао се напорите за воведување нови санкции врз Иран поради пропаѓањето на обидите Техеран да соработува со Меѓународната заедница околу повиците да се откаже од нуклеарната програма, за која Иран инсистира дека е за цивилни потреби. За време на тридневната посета на Кина Меркел се очекува во дискусиите да се осврне и на Сирија и кризата во еврозоната. Германската канцеларка е придружувана и од голема бизнис делегација.
XS
SM
MD
LG