Достапни линкови

Студот однесе повеќе животи во Европа


Во Европа се измерени најниски теператури во последните неколку декади, а фатални последици од студот имале осумдесет лица. Во Украина во последните 24 часа како последица од ниските темератури починале тринаесет лица со што вкупниот број изнесува 43 во последните неколку денови, додека 800 лица примаат медицинска помош.
Во Полска четири лица се пронајдени мртви, а вкупно од студот починале дваесет.Во двете земји температурата е минус 30 степени целзиусови во некои региони. Повеќето од жртвите биле бездомници. Во мегувреме снег паѓа низ целиот континент, а најмногу во Италија.
XS
SM
MD
LG