Достапни линкови

Пакет со прав од антракс бил испратен до пакистанскиот премиер


Пакистанскиот премиер, Јусуф Раза Џилани

Пакистанскиот премиер, Јусуф Раза Џилани

Пакистанските власти соопштија дека пакет кој содржел прав од антракс бил испратен во кабинетот на премиерот Јусуф Раза Џилани. Неговиот потпарол, Акрам Шахеди изјави дека пакетот бил испратен во минатиот октомври од страна на една професорка на универзитетот Џамсборо.
Никој не се разболел од содржината на пакетот и не се знае мотивот на жената која наводно го испратила. Потпаролот не соопшти зошто информацијата не била објавена досега и дали жената била уапсена.
XS
SM
MD
LG