Достапни линкови

Принцот Мајкл од Кент најави инвестиции во Македонија


Земјоделски и инвестициски фонд со вредност од околу 100 милиони евра ќе бидат формирани во Македонија, соопшти принцот Мајкл од Кент, кој со висока бизнис делегација од Велика Британија деновиве престојуваше во работна посета на Македонијa. Принцот изразил надеж и за евентуална инвестиција во некој од ски центрите во земјата.
Според него, најинтересни сектори за британските инвеститори се рударството, туризмот, хотелиерството, финансиските услуги, инфаструктурата како управувањето со води и со отпад.
Во Македонија значајни британски инвестиции во моментов се Тутунскиот комбинат - Скопје, Митал стил и Џонсон Мети.
XS
SM
MD
LG